Историски договор во Шпанија: Билбао и Барселона ќе играат кошарка на – фудбалски стадион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанците најавуваа, а сега е и договорено дека пресметката меѓу кошаркарите на Билбао и Барселона на 26 април ќе се одигра на – фудбалски стадион.

Домаќин на историскиот меч ќе биде „Сан Мамес“, кој има капацитет од 53.289 места, со тоа што за потребите на кошаркарскиот дуел капацитетот ќе биде намалена на 28.644 места.

Организаторите веруваат дека ќе биде урнат рекордот по посети на еден кошаркарски меч во историјата, кога станува збор за Европа.

Рекордот го држат Франција и Шпанија од Европското првенство во 2015 година, кое се одржа во Лил на „Пјер Моро“, каде што беа собрани 26.992 луѓе на натпреварот.

Во адаптација на кошаркарските трибини на фудбалскиот стадион ќе бидат ангажирани 300 работници, кои ќе треба да го трансформираат стадионот за 72 часа.