Италија демонстрира неверојатна моќ, на „Ренцо Барбера“ им даде девет гола на Ерменците

Репрезентацијата на Италија на најдобар можен начин ги заокружи перфектните квалификации во кои ги собра максималните 30 бода откако со неверојатни 9:1 славеше против репрезентацијата на Ерменија.

Разиграните „Аѕури“ ги торпедираа гостите, а гол серијата ја започнаа уште во 8. минута кога Имобиле го отвори резултатот. Една минута подоцна Заниоло погоди за 2:0, а потоа головите се редеа како на филмска лента.

Истите играчи до крајот погодија уште по еднаш,а  стрелци на голови беа и Николо Барела, Ромањоли, Жоржињо, Орсолини и Киеза, додека почесниот гол за Ерменија го постигна Бабајан.

Данска се пласираше на Европското првенство откако издржа во Даблин и одигра реми против Ирска со 1:1.

Шпанија со 5:0 славеше против Романија, додека Шведска со 3:0 ги совлада Фарските Острови. На овој натпревар дебитираше Дејан Кулушевски кој сега и официјално е шведски репрезентативец.