Италија со триумф против Албанија го почна походот кон титулата на ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските фудбалери вечерва триумфираа со 2-1 против Албанија во првото коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Бајрами по само 23 секунди ги шокираше „аѕурите“, кои брзо се соземаа и преку Бастони стрелаа за 1-1.

Италија го контролираше продолжението од натпреварот, а Стракоша беше одличен на голот на Албанија, но не можеше да го одбрани ударот на Николо Барела.

Европскиот шампион го игра следниот меч против Шпанија за пет дена, додека Албанија еден ден претходно ќе се соочи со Хрватска.