Италија урна светски рекорд стар 47 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија вчера се измачи против Австрија повеќе од очекуваното, но славеше со 2-1 и се пласираше во четвртфинале на Европското првенство (ЕП), а притоа урна и рекорд.

Станува збор за рекордот за најдолго време без примен гол кога станува збор за реперзентациите. Тој рекорд исто така беше во посед на Италија, која од 1972 до 1974 година беше без примен гол, односно тие немаа примен погодок цели 1.143 минути.

Италијанците сега го подобрија тој рекорд и сега стигнаа до 1.168 минути, па така го урнаа претходниот рекорд.

Италија има и рекорд за број на натпревари без пораз. Екипата на Роберто Манчини не знае за неуспех веќе 31 меч по ред, и тоа уште од Португалија во 2018 година.