Италијанците се израдуваа зашто Македонија во баражот ќе игра без – Елмас!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи против европскиот шампион Италија во полуфиналето на баражот за Светското првенство (СП).

Селекторот на Италија, Роберто Манчини кажа дека Македонија е добра репрезентација и нема да им биде воопшто лесно, а италијанските медуми пишуваат дека сме аутсајдер, иако секогаш знаеме да изненадиме.

Италијанците најмногу се израдуваа на тоа што Македонија ќе игра без Елиф Елмас, кој е еден од најдобрите репрезентативци.

„Македонија има одличен тим, а Германија го знае тоа најдобро. Елмас, наследникот на Горан Пандев, е најдобар македонски фудбалер, па одлична вест е тоа што нема да игра против Италија“, пишуваат медиумите.