Италијанец кој ги навредуваше Србите откри каков прекар има Ѓоковиќ меѓу тенисерите!

Фабио Фоњини во претходните денови беше во центар на внимание поради својата автобиографија во која откри голем број детали и тајни од турнирите.

Освен тоа што ги навредуваше српските тенисери, му посвети и еден дел од својата книга на Ѓоковиќ.

Не е тајна дека Фоњини и Ѓоковиќ се пријатели, а италијанскиот тренер во книгата зборуваше за нивното ривалство и пријателство.

„Против Ѓоковиќ е тешко да се игра. Кога играте против него, тој доминира. Неговиот ритам е толку добар што ги губите сите способности за размислување. Ноле многумина го нарекуваат и Пластичен човек, поради неговата способност да прави некои потези, како да е направен од гума“, напиша Фоњини.