Италијанец „забива нож во грбот“ на Њукасл!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Играше на Сент Џејмс Парк, а сега кај “Биг Сем“ во редовите на „лутиот“ ривал.

Давид Сантон се враќа во Премиер лигата, се зборуваше за Кристал Палас, а изгледа ќе заврши во Сандерленд.

Фудбалерот на Интер е блиску до „Црните мачки“, како што пишуваат италијанските медиуми ги напушти подготовките на клубот.

Тој во Интер се врати на почетокот на 2015 година на барање на Роберто Манчини, а од 2011 година играше во Њукасл.

Сега оди во редовите на најголемиот ривал, а нема во оваа сезона во шампионатот да има шанса се се соочи со некогашниот клуб бидејќи „Страчките“ испаднаа од Премиер лигата.