Не е мајстор како Меси, ниту убиец како Роналдо, но ова е негово време


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


После Хулк, уште еден фудбалер од висок калибар кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Според англиските медиуми, Грацијано Пеле од Саутемптон ќе направи трансфер во Шандонг.

Тој наводно за две сезони во Кина ќе добие 40 милиони евра, а светците ќе заработат 15 милиони евра.

Последните недели се шпекулираше дека Италијанецот може да се врати во татковината, а заинтересирани за него беа Јувентус и Лацио.

Пеле има 30 години, постигна 30 погодоци за Саутемптон во претходните две сезони, а порано играше за Феенорд, Сампдорија, Парма, АЗ и Лече.