Италијанските ѕвезди направиле хаос во соблекувалната на Палермо (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанската репрезентација не се прослави пред неколку дена против Македонија бидејќи загуби со 0-1 во Палермо и остана без пласман на Мундијалот во Катар.

Македонија со голот на Александар Трајковски во 92. минута ги расплака Италијанците, по што ја зачува мрежата до крајот и избори историски меч против Португалија.

Овој пораз тешко им падна на европските шампиони, кои направиле хаос во соблекувалната на стадионот во Палермо.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува дека Италијанците од соблекувалната направиле свињарник и го оставиле ѓубрето каде што стигнале.