Италијанците пренесуваат: Фантастичен трансфер во најава, Јувентус се обрати на адресата на Реал Мадрид…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Калчомеркато“, Јувентус подготви пари за играчот за врска на мадридски Реал, Иско.

Судбината на шпанскиот фудбалер во Мадрид веќе долго е под знак прашалник, беше во немилост кај Сантијаго Солари, ситуацијата се поправи со пристигнувањето на Зидан, кој го врати во првиот состав.

Сепак, и натаму не може да се каже со сигурност дека Шпанецот е во плановите на францускиот стратег за следната сезона, особено бидејќи Реал се обидува да се засили.

Еден Азар е блиску до преминување на „Бернабеу“, а познато е и дека Реал е заинтересиран за Пол Погба и Кристијан Ериксен.

Доколку Французинот или Данецот завршат во редовите на кралскиот клуб, Иско би можел да стане вишок, па Јувентус со тоа на ум подготви средства за неговиот потпис.

Имено, „Бјанконерите“ се подготвени да платат 85 милиони евра на Мадриѓаните за шпанскиот репрезентативец, што би можело да ја задоволи управата на кралскиот клуб.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите и натаму се гледа кон Погба, ако Французинот го одбере Реал, јасно е, ќе се насочат кон Иско.