Итен состанок во Милан: Раководството на клубот и Џенаро Гатузо седнаа на маса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден ден по поразот од Торино, челниците на Милан повикаа вонреден состанок на кој се појави и тренерот, Џенаро Гатузо.

Милан игра катастрофално во последно време и се поверојатно е дека нема да успее да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона.

На состанокот кој го водел претседателот на Управата, Иван Газидис, присуствувале уште и Леонардо и Малдини и на него било разговарано за иднината на клубот. Се поверојатно е дека Рино Гатузо нема да го предводи тимот и следната сезона, дури и да успее да се пласира во Лигата на шампионите.