Иван Карачиќ го засили МЗТ Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иван Карачиќ, поранешниот кошаркар на Широки бријег потпиша за МЗТ Скопје до крајот на сезоната. Одличниот кошаркар на стартот на сезоната потпиша за Дабров од Полска, но потоа го раскина договорот.

Карачиќ немаше среќа од почетокот на сезоната бидејќи најпрво се повреди, а потоа се зарази и со ковид-19, па сега конечно оздраве и ќе може да се покаже најдобро во редовите на МЗТ Скопје.

Екипата на МЗТ Скопје има амбиција да се врати во елитата на АБА-лигата, а интересно е тоа да видиме дали Карачиќ ќе дебитира за скопскиот тим во среда, кога МЗТ игра против Широки бријег.

Карачиќ е исто така и репрезентативец на Босна и Херцеговина.