Иван Ракитиќ дефинитивно заминува од Барселона, но останува во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид притиска за  ангажман на фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ.

Хрватот претходно најавуваше дека би можел да си замине од Барселона, а се чини дека ова лето ќе го стори тоа, но наместо во Интер како што се пишуваше ќе продолжи во Атлетико Мадрид.

„Марка“ пишува дека претставниците на Ракитиќ веќе се во контакт со челниците на Атлетико Мадрид, а нивните првични контакти започнале уште минатата сезона.

Навнодно, Ракитиќ имал повик и од Диего Симеоне кој го убедувал да се пресели на „Ванда Метрополитано“.