Ивановски издоминира во Мадрид и се закити со нов трофеј!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го освои третиот трофеј во кариерата, откако денеска славеше во финалето на Мадрид против Марк Вајтхаус од Велика Британија.

Ивановски на патот кон финалето загуби само еден сет во петте натпревари, и тоа вчера од Понтјодикромо (2-1), а денеска издоминира против Британецот за да се закити со титулата.

Македонскиот тенисер претходно ги освои и пехарите во Хераклион, Грција и Монастир, Турција.