Ивановски лавовски се бореше, но беше елиминиран од Вимблдон


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во осминафиналето од Џек Пинингтон Џонс со 5-7 и 0-6 на јуниорскиот дел од Вимблдон.

Ивановски во поголемиот дел од мечот имаше повреда, поради која се мачеше на теренот, но тоа не го спречи да го даде својот максимум.

Македонскиот тенисер во првиот сет имаше водство од 5-4, но Џонс успеа со пресврт да стигна до 7-5.

Ивановски во вториот се повреди и имаше медицински тајм-аут, но не се предаде и остана на теренот, каде што загуби со 0-6.