Ивановски: Почуствував болка во рамото и морав да го предадам мечот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски го предаде четвртфиналниот меч против Метју Делаведова, кој го почна многу лошо и загуби три гема (0-3), по што почуствувал болка во рамото.

Ивановски го освои првиот турнир во Монастир, Тунис, а беше на добар пат да го освои и вториот, но сепак повредата го спречи да напредува уште повеќе.

„Не можев да продолжам и го предадов натпреварот поради болка во рамото, но ќе се вратам посилен“, напиша Ивановски на неговиот профил на Инстаграм.

Ивановски минатиот понеделник запиша огромен скок на АТП-листата поради освојувањето на турнирот во Монастир и стигна до 779. место, но од понеделник го очекува нов напредок.