Ивановски се избори за четвртфинале во Ерусалим


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжи во одличен ритам и така запиша втора победа на турнирот во Ерусаил, Израел со што избори четвртфинале.

Ивановски доминира на тениските терени во последните две недели, откако пред неколку дена го освои Ираклион, Грција, а денеска го реши Ејал Шиовиц со 6-2 и 6-1 за место меѓу најдобрите осум на турнирот.

Македонецот во битката за полуфинале ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Бар Менахем и Цукерман.