Ивановски скокна до 504. место на АТП-листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски напредуваше на АТП-листата за 30 позиции и од денеска е на 504. место.

Ивановски стигна до полуфиналето на турнирот во Монастир, Тунис минатата недела и тоа му помогна да освои нови бодови, па сега има 72 бода.

На врвот на АТП-листата нема промени, односно на првото место останува Новак Ѓоковиќ, по што следат Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд и Рафаел Надал во топ-5.