Ивановски со неверојатен пресврт обезбеди четвртфинале во Кретеј


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска славеше со 2-1 во сетови, односно 3-6, 7-6 и 6-1 против Данил Глинка во Кретеј, Франција.

Ивановски беше во тешка ситуација во финишот на вториот сет, откако првиот го загуби со 3-6, а потоа губеше со 1-5, меѓутоа македонскиот тенисер успеа да се врати и во тај-брејк да го добие сетот.

Ивановски во последниот сет заигра моќно и веднаш направи брејк за водство од 3-0, по што продолжи да доминира и со 6-1 го елиминира противникот за пласман во четвртфинале.