Ивановски забележа напредок од 334 позиции на АТП-листата


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа голем скок на АТП-листата, која беше објавена денеска.

Ивановски на претходното рангирање се наоѓаше на 1.404 место, но на новата листа скока до 1.070 позиција.

Македонскиот тенисер играше одлично во последниот период, а тоа е одлична најава за нов напредок на АТП во периодот кој ни доаѓа.

Данил Медведев останува прв на ранг-листата, по што следат Зверев, Надал, Алкараз, Циципас, Ѓоковиќ, Руд, Рубљев и Хуркач.