Избран идеалниот тим по осминафиналните натпревари на СП (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во следните денови ни доаѓаат четвртфиналните натпревари на Мундијалот во Катар, а по првите дуели од нокаут-фазата беше составен идеалниот тим од најдобрите фудбалери.

„Софаскор“ направи состав во кој се вметнати идеалните 11 играчи кои блеснаа во текот на осминафиналните натпревари.

На голот е неверојатниот Ливаковиќ кој одбрани три пенали, додека во одбраната се Гереро, Силва, Родри и Далот.

Во средината од теренот доаѓаат Блинд, Ендо, Фернандеш и Думфрис, додека во нападот се избрани Мбапе и Рамош.