Изгледа неверојатно, но е вистинито: Баерн НЕ ЗНАЕ да постигне погодок од слободен удар…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн утре во големото дерби од Бундеслигата ќе ја пречека екипата на Борусија Дортмунд.

Тој дуел би можел да одлучи и за шампионот во Германија. Борусија е засега 2 бода пред Баерн и сосема е сигурно дека не чека исклучително интересно дерби.

Погодоци секако очекуваме, но тешко е да се очекува дека Баерн ќе постигне погодок од слободен удар.

Делува неверојано, но баварскиот великан веќе 43 натпревари не постигнал погодок од слободен удар. Последен пат на тој начин постигнале погодок во јануари 2018. година во дуелот против Баерн Леверкузен, а погоди Хамес Родригез.

Навистина е неверојатно што Баварците повеќе од една година се без погодок од слободен удар и очигледно овој сегмент од играта не им е баш најдобар.