Изгубен случај: Спалети не можеше да го најде тренерот на Спартак Москва 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи вчера беа поразени на домашен терен од Спартак Москва во мечот од второто коло во групната фаза од Лига Европа, во меч во кој Елиф Елмас го постигна вториот најбрз гол во натпреварувањето.

Во центар на внимание по мечот се најде тренерот на Елмас, Лучано Спалети, кој не знаеше кој е стратег на Спартак.

Откако заврши натпреварот Спалети тргна кон клупата на ривалот од Москва за да се поздрави со тренерот, но не беше сигурен со кого треба да се поздрави.

Кога дојде до клупата, ги праша кој е тренер, а потоа му покажаа кон Руи Виторио за да се поздрават.