„Изненаден сум што Џордан сака да ги емитуваме следните две епизоди“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Документарецот „Последниот танц“, кој ја покажува кариерата и животот на Мајкл Џордан додека играше за Чикаго булс ја воодушеви спортската јавност.

Досега беа прикажани шест епизоди, па беа откриени многу работи кои не сте ги знаеле за Џордан и неговите соиграчи од легендарната генерација на Чикаго.

Режисерот на филмот во разговор за американските медиуми кажа дека следните две епизоди ќе ја шокираат јавноста, па не може ниту тој сам да верува дека Џордан дал дозвола да се емитуваат.

Во седмата епизода Џордан ќе биде прикажан во поинакво издание, ќе биде прикажана снимка каде што на тренинг го удрил соиграчот Стев Кер, односно се однесувал како диктаторот на тренинзите.

„Следните епизоди ќе ве изненадат. Добивме многу снимки од НБА-лигата на кои се гледа како било да се игра со Мајкл, но и против него…“, кажа режисерот.