Изненадување од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер Виктор Муњоз.

По одличната сезона во Осасуна, шпанскиот офанзивец Виктор Муњоз направи трансфер на кариерата. Откако во младинските категории ги носеше дресовите на Барселона, каде што е роден, а потоа и Реал Мадрид, 22-годишникот сега се сели во Ливерпул.

Иако претходните денови преговараше со Њукасл Јунајтед, на крајот заврши на Енфилд. Вечерва се потпиша сè и крилниот напаѓач е нов играч на Црвените.

Ливерпул ќе издвои 40 милиони евра за услугите на овој фудбалер. Дефинитивно направија трансфер кој никој не го очекуваше, а Шпанецот ќе потпише шестгодишен договор со англискиот великан.

Виктор Муњоз беше член на славната „Ла Масија“. Ја напушти во 2017 година, се задржа во екипата Дам, пред да пристигне во Реал Мадрид како 18-годишник.