Изненадувачки потег на Хамес, Колумбиецот ќе форсира за трансфер во Премиер лигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хамес Родригез дефинитивно ќе си оди од редовите на Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Колумбиецот не се изнаигра за „кралевите“ по неговото враќање од Баерн Минхен, па веројатно ова лето ќе го искористи да реализира трансфер.

Според „Марка“, Родригез преку неговиот агент ќе притиска за трансфер во редовите на Евертон. На клупата на „карамелите“ е Карло Анчелоти кој му беше тренер на играчот една сезона во Реал Мадрид.