Изненадување: Алегри преговара со клуб од Бундеслигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Максимилијано Алегри вчера остана без договор со Јувентус, каде што зема 7,5 милиони евра за последната година и сега е слободен, па може да си бира нов клуб.

Пред две години го одби Реал Мадрид, а се шпекулираше и за ПСЖ, но сега најновите информации се дека ќе го преземе тимот на Борусија Дортмунд.

Преговорите биле во тек, а Алегри сака да се врати на работа, па подготвен е да ја намали платата затоа што Дортмунд има млад и фантастичен тим.

Италијанецот е загреан за работата, а Фавр најверојатно во следните денови ќе го напушти клубот, откако не успеа да го победи Баерн Минхен во трката за титулата во Бундеслигата.