Изненадување: Кастратовиќ си замина од Автокоманда - не е повеќе тренер на Металург!

Металург ќе мора да бара нов тренер, откако Зоран Кастратовиќ си замина од клубот од Автокоманда.

Екипата од Автокоманда остана без својот стратег, за кој засега не е познато поради кои причини го напушта македонскиот тим.

Металург под водство на Кастратовиќ сезонава имаше повеќе од солидни натпревари и резултати, па се претпоставува дека тоа не е причина за нивната разделба.