Изненадување на крајот: Борусија го одра Манчестер Јунајтед, најскапо продавање во историјата на Дортмунд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рекордот на Матс Хумелс не траеше долго…

Борусија Дортмунд одложуваше и ценкањето се исплати, ни фрлањето на столица на Мино Раиола по канцеларијата, а Манчестер Јунајтед на крајот за голема цена доби играч кој многу го сакаа и на чие доведување Мурињо инсистираше.

Беше и пред неколку дена јасно дека Хенрик Михтаријан ќе замине од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед, но условите под кои се преселува на Театарот на соништата сите ќе се изненадат.

Дортмундските милионери во преговорите за овој трансфер баш бо оправдаа прекарот и направија рекордна продажба во историјата на клубот.

За играч кој влезе во последната година од договорот и кој во наредното лето можеше да замине без оштета.

Манчестер Јунајтед на Германците платија неверојатни 42 милиони евра на име оштета за Хенрик Михтаријан, јавува вечерва ексклузивно Билд.

А кога се вакви работи во прашање, Билд не греши.

Англичаните ќе платат далеку повеќе од она што се надеваа и што пробуваа да испреговараат.

Алфата и Омега во Дортмунд Ханс Јоаким Вацке направи апсолутно фантастична работа бидејќи беше заробен.

Блефираше и ризикуваше, и на крајот му се исплати. Јунајтед со денови беше во офанзива и ги притискаше Германците. Играчот јасно стави до знаење до клубот дека сака на Олд Трафорд, а неговиот менаџер Мино Раиола дивееше на состаноците со челниците на Дортмунд фрлајќи столици во неверување пред непопустливиот став на Ханс Јоаким Вацке.

Манчестер Јунајтед долго се држеше до понудата од 32 милиони евра, но Борусија Дортмунд истера по свое и Црвените ѓаволи ќе мораат да додадат уште десет. Што е рекордна продажба во историјата на клубот од Рур.

Рекордот досега го држеше трансферот на Матс Хумелс кој отиде во Баерн за 35 милиони евра.

Интересно, но и тој влезе во последната година од договорот.

Билд јавува и дека Михтаријан во наредните неколку дена ќе одработи лекарски прегледи и дека официјалната промоција ќе следи во наредната  недела. Да потсетиме дека Ерменцот одби нов договор на четири години од Дортмунд вреден 7 милиони евра по сезона.