Изразот на лицето на Лорис по вториот гол на Ливерпул е хит на интернет! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем беа поразени на гостувањето против Ливерпул со 1-2 во дербито на 32. коло во англиската Премиерлигата.

Лондонскиот клуб во финишот на натпреварот можеше со три бода да го напушти „Енфилд“, зашто имаа две неверојатни шанси за втор гол, но не ги искористија, па пристигна казната за нивните промашувања.

Ливерпул во 90. минута успеаа да постигнат гол и голема победа, која ги врати на првото место. Откако Уго Лорис го одбрани ударот на Мохамед Салах очајно реагираше Тоби Алдервејрелд.

Дефанзивецот направи неверојатна грешка и си постигна автогол, а неговите соиграчи не можеа да веруваат што се случува. Тоа најдобро го покажува фотографијата на која се гледа изразот на лице на Лорис, кој стана хит на социјалните мрежи.