Ја врати Венеција во Серија А, па скокна во канал! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Венеција повторно ќе играат во серија А, откако ја совладаа Читадела во плејофот за пласман во повисок ранг.

Венеција на гости славеше со 1-0, додека во реваншот одигра 1-1 и така си обезбеди место во елитата.

Тоа ќе биде нивни прв настап во Серија А од сезоната 2001/02, а претседателот на клубот, Данкан Нидерауер е свесен за успехот на неговиот тим.

Претседателот реши да го прослави пласманот во Серија А така што скокна во каналот во Венеција и ги воодушеви сите во тимот, како и навивачите.

Освен Венеција, во Серија А од следната сезона ќе играат уште Емполи и Салернитана, кои во регуларниот дел изборија промоција.