Јаховиќ се повреди – ќе игра ли за Македонија во квалификациите за СП?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гецтепе загуби од Коњаспор со 0-2, а македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ одигра само 16 минути на мечот против неговиот поранешен тим во 12. коло од турската Суперлига.

Јаховиќ заработи повреда на мечот, а исто така е повикан за квалификациските натпревари за Мундијалот, но не е познато дали ќе настапи.

Македонија прво игра на 11 ноември во Ереван против Ерменија, додека на 14 ноември ќе го пречекаме Исланд во Скопје.

Засега не е познато дали Јаховиќ ќе биде дел од овие натпревари на Македонија, а селекторот Благоја Милевски има неколку алтернативи во нападот.