Јаја Туре пресече: Ова е неговата конечна одлука, стави крај…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Јаја Туре утринава објави дека ја завршува играчката кариера.

Тоа на својот Твитер профил го истакна неговиот контроверзен менаџер, Димитри Селук кој исто така откри дека Туре ќе се насочи кон тренерскиот ангажман.

По стажот во академијата Мимос во родниот Брег на Слоновата коска, својата професионална кариера ја почна во Беверн, од каде што во 2003. година се пресели во Металурх од Донјецк.

Две години подоцна една сезона настапуваше за Олимпијакос, а во 2006. година стигна во Монако. Една година подоцна го облече дресот на Барселона, а вистинска легенда стана во Манчестер Сити каде се задржа полни осум години.

На стартот на оваа сезона се врати во Олимпијакос, но по неколку месеци го напушти клубот. За репрезентацијата на Брегот на слоновата коска, 35-годишниот играч за врска одигра 101 натпревар и постигна 19 погодоци.

Освои два клупски трофеи со Барселона, во дресот на Сити освои се што можеше да се освои во Англија, а беше и шампион на Африка во 2015. година.