Јавноста во Англија бесна на нашиот Алиоски по контроверзната прослава на погодокот (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џани Алиоски денеска беше стрелец на еден од двата погодоци со кој неговиот Лидс стигна до победа на гостувањето кај Хадерсфилд.

Македонскиот репрезентативец се најде на удар на јавноста во Англија по наводниот нацистички поздрав со кој го прослави погодокот.

Сепак еден од официјалните лица на Лидс ведна објасни дека тоа воопшто не бил нацистички поздрав туку дека Алиоски се шегувал поради тоа што менаџерот пуштил мустаќи, а покажал кон еден од другите тренери дека мора и тој да ги избричи брковите по изгубен облог.