„Јирген, ако не се решиш од Алберто Морено, Ливерпул ќе испадне од лигата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер и поранешен член на Јунајтед, Тотенхем и Стоук Герт Куркс даде совет на Јирген Клоп.

Овој некогашен фудбалер на гигантите на англиските клубови сега работи како стручнен констултант на ББС Тв, а во програма во живо се обрати на Јирген Клоп и му даде совет поврзан со неговиот лев бек Алберто Морено.

„Тој е одличен играч во офанзивата, но назад Ливерпул нема никаква корист. Ако веќе игра, треба да игра во офанзивниот дел на тимот. Ако го задржи како лев бек, ќе мора да се прости од ЛШ, а дури може и да испадне од лигата“, пораче Крукс на Клоп.

Сепак, не го повика само Јирген Клоп, веќе му оддаде признание на првиот трансфер во ова лето.

„Направи одлична зделка со купувањет она Садио Мане.  Тој е одличен фудбалер и ќе помогне на Ливерпул. Сега треба да купи лев бек за парите кои може да ги заработи од продажбата на Бентеке“.