„Јирген Клоп“ направи лудница пред „Вембли“ 🎥


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Секако, не станува збор за тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп туку за негов двојник кој толку многу личи на искусниот стратег што нема да познаете дека е друг човек.

Двојникот на Клоп излезе со домашните навивачи во тренерка на Ливерпул и предизвика вистинска лудница пред „Вембли“.

Англичаните со песна и алкохол се загреваа за мечот против Германија, кој ѝ припадна на Англија со 2-0, а „Јирген Клоп“ ѝ даде поддршка на репрезентацијата на Герет Саутгејт.

Големата сличност која ја има навивачот со тренерот на Ливерпул предизвика воодушевување кај останатите, кои останаа вчудоневидени од сцената пред култниот стадион.