Јокиќ го однесе Денвер во финале на Западот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс обезбеди финале во Западната конференција, откако синоќа славеше со 125-100 против Феникс санс.

Кошаркарите на Денвер одиграа одлично прво полувреме во кое постигнаа дури 81 поен, а примија само 51 и со тоа ја најавија својата победа.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен меч во кој постигна 32 поени, 10 скокови и 12 асистенции, а тоа за српскиот кошаркар беше 11. трипл-дабл во плејоф дуелите и така се израмни со Џејсон Кид на вечната листа.