Јовиќ имаше епско промашување: Тоа беше пенал на празен гол (Видео)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Напаѓачот на Милан и српската репрезентација, Лука Јовиќ имаше огромна шанса во 34. минута против Шпанија кога промаши цел гол.

Јовиќ имаше зицер пред голот на европскиот шампион, меѓутоа ја испрати топката покрај голот на Давид Раја.

„По мечот му реков да ја крене главата горе. Тоа беше пенал без голман, но фудбалот е игра на грешки и промашувања“, кажа селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.