Јунајтед го нуди капитенот Фернандеш како дел од сензационален трансфер!?

Манчестер јунајтед го понуди својот капитен Бруно Фернандеш во сензационална размена на играчи со Барселона.

Португалецот оваа сезона има седум асистенции во Премиерлигата, а најверојатно од следната ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.

„Ѓаволите“ сакаат да го ангажираат Френки Де Јонг и поради тоа им испратија понуда на Каталонците, но поранешниот шпански шампион ќе бара и парична отштета.

Премиерлигашот е подготвен да понуди и 17 милиони фунти, освен Фернандеш, но засега не е познато дали Барселона би прифатила таква понуда.