Јунајтед ќе плати 80 милиони фунти за уште една ѕвезда од Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во свои редови ќе се обиде да го донесе одличниот фудбалер на Лестер, Џејмс Медисон.

„Црвените ѓаволи“ планираат неговиот потпис да го добијат во текот на летото, па наводно се подготвени да платат 80 милиони фунти за фудбалерот, а тренерот Оле Гунар Солскјер го постави Медисон како прв приоритет за на лето.

Јунајтед и Лестер и пред неколку месеци соработуваа, кога „ѓаволите“ го купија Хари Мегваер за 80 милиони фунти и сигурно и овој трансфер ќе биде добар за „Лисиците“.

Медисон е одличен сезонава, па без дилеми е меѓу најдобрите во Премиерлигата, а во 17 дуели постигна пет голови и три асистенции.