Јунајтед – Не сака Ерменецот, Мурињо има нова идеја!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Специјалниот” се обидува да ги склопи коцките во офанзивата…

Манчестер Јунајтед тешко ќе стигне до Хенрик Микхтаријан. Популарниот “Мики” сака на “Олд Трафорд” , но Дортмунд одбива да го продаде. Ситуацијата е таква што менаџерот на Ерменецот толку бил изнервиран на состанокот со луѓето од германскиот клуб, што дури и фрлил столче.

Мурињо не може да чека па сега свртил кон уште еден фудбалер од Бундеслигата, Јулијан Дракслер.

Имено, овој фудбалер може да игра по килата или во офанзивата, со него на една и Марсијал на друга, “Специјалниот” би можел да добие играчи на крилните позиции по негова мерка.

Ваквото инсистирање за доведување на крилен напаѓач многу веројатно значи дека деновите на Депај се избројани и дека ќе биде продаден или евентуално испратен на позајмица.

Но да се вратиме, на Дракслер. Тој е расположен за да пристигне во Премиер лигата, но Волфсбург го купи минатата година од Шалке за 30 милиони евра, па прашање е дали понудата од 40 милиони евра би била доволна.