Јунајтед одреди цена, Интер дозна колку ќе чини откуп на договорот на Санчез


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чилеанецот веќе во првите настапи за Нероаѕурите почна да го уверува Антонио Конте дека Интер треба да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата.

Сепак, цената на Санчез допрва треба да се дознае, но сега од Италија стигнуваат вести дека Манчестер Јунајтед би можел да бара „коректна“ цифра.

Без обзир на лошиот старт на сезоната и недостаток на опција во нападот, Јунајтед нема намера да го врати Санчез во своите редови следното лето, а за негов потпис наводно ќе бара 25 милиони евра.

Тоа е цифра која ќе мора да ја плати Интер доколку сака да го откупи договорот на Санчез или било кој друг кој сака да го купи Чилеанцеот наредното лето.

Да потсетиме, договорот на Санчез со Манчестер важи до летото 2022. година.