Јуриќ го замени Де Роси на кормилото на Рома

Рома утрово го отпушти Даниеле Де Роси по лошиот почеток на сезоната, по што го назначи Иван Јуриќ за нов стратег.

Хрватот потпиша договор со калчолигашот до јуни 2025 година, а соработката може да му се продолжи за уште една сезона ако се избори за Лигата на шампиони.

Јуриќ и претходно работеше во Италија, каде што ги тренираше Кротоне, Џенова, Верона и Торино.