„Јуве е клуб со стил, нема да досадуваат за Игуаин, во спротивно…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи и Јувентус можат опасно да завојуваат. Повторно! Ситуацијата околу Гонзало Игуаин и онака беше замрсена, а сега збрката е уште поголема. Првиот човек на Наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, после состанокот во седиштето на Серија А со претставниците на сите клубови (се претпоставува дека дошло и до прва рунда на преговори со Бепе Марота) даде некоја прилично „интересна“ изјава.

Тој изјави дека Јувентус во ниту еден момент не покажа желба за откуп на договорот на Игуаин, и дека се работи за „клуб од стил“ кој тоа никогаш не ни го пробувал. Се делува како добра подготовка и дека се многу силни ударите на шампионот на Италија, а падна и една „закана“.

„Никогаш немаше контакт меѓу Наполи и Јувентус“, изјави познатиот филмски магнат по излегувањето од состанокот.

„Јуве немаше намера да ја плати клаузулата од 94 милиони евра ниту нас не праша било што.

Го отворив прашањето дали Марота сака навистина да ја активира клаузулата? Тој ми одговори дека такво нешто никогаш не планирале. Незнаењето на луѓето во светот на фудбалот е безгранично. Се работат со цел да ги продаваат весниците. Постојат очајни луѓе, тоа го разбирам, но јас ништо не продавам“.

Де Лаурентис додаде дека Игуаин моментално е на одмор и по кој знае кој пат подвлече дека од Наполи може да го одведе само тој клуб кој ќе ја плати откупната клаузула.

„Ако некој дојде и го плати зацртаниот износ, ние тука ништо не можеме. Гонзало ќе дојде и ќе ми кажа дека ги прифатил условите кои му ги нудат и дека заминува. Засега ниту еден клуб не се појави со такви намери, такво нешто тој ништо не ни рекол. Јувентус? Повторувам, никогаш немале намера да направат такво нешто. Марота е паметен и совршено знае дека е загубена битката. Јуве е клуб со стил и уверен сум дека нема да ги досадуваат нашите играчи. Во спротивно, може за нас да станат многу непријатен клуб“, заклучи во разговорот Де Лаурентис.