Јувентус ги претстави дресовите за новата сезона и ги воодушеви навивачите 📸


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Следниот викенд се играат натпреварите од последното коло во италијанската Серија А, а во центар на внимание е екипата на Јувентус, кој ќе се бори за место во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Старата дама“ во моментов е на петто место на табелата и во последното коло мора да победи и да чека кикс од Наполи или Милан.

Во Јувентус веќе се подготвуваат за следната сезона, а денеска го претставија новиот дрес, кој ќе има нов дизајн подготвен од „Адидас“.

Реакциите на навивачите беа одлични, а меѓу фудбалерите кои го претставија дресот беше и Кристијано Роналдо, што значи дека најверојатно ќе остане и следната сезона во тимот од Торино.