Јувентус го нуди Бернардески на Челси во замена за играч на „сините“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е подготвен да го понуди Федерико Бернардески во замена за фудбалерот на Челси, Жоржињо.

Актуелниот лидер во Серија А планира да ја засили средината на теренот, а Маурисио Сари побарал да му се донесе фудбалерот со кого соработуваше во Челси и во Наполи.

Сепак, се верува дека од таборот на Челси нема да бидат заинтересирани за Бернардески кој се споменува со заминување од Торино ова лето.

Жоржињо потпиша за ЧЕлси за 57 милиони фунти и брзо стана незаменлива алка на „Стемфорд Бриџ“.