Јувентус има план: За Пјаниќ ќе го добие петтиот најскап фудбалер во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпекулациите за преселбата на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона секојдневно траат. Впечатокот е дека Каталонците водат во борбата со Челси и ПСЖ, а преговорите се во тек.

Постои голема шанса и да биде договорена размена меѓу клубовите, само прашање е на кој начин ќе се договорат. Артур не сака да го напушти „Камп Ноу“, Нелсон Семедосака во Манчестер сити, па „Старата дама“ има нова идеја.

„Мундо Депортиво“ на својата денешна насловна страна носи вест дека Јувентус е заинтересиран за Осман Дембеле, петтиот најскап фудбалер во историјата, кој пред три години беше платен 125 милиони евра.

Дембеле не се прослави во Барселона, а неговата авантура во Каталонија досега ја одбележаа недисциплина и голем број повреди.