Јувентус ја одби понудата на Реал за Пјаниќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ништо од замената на играчите.

Јувентус нема намера да се откаже од Миралем Пјаниќ, играчот со кој Старата Дама добива поголема димензија.

Претходната седмица се шпекулираше за замена на играчи помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, но од доа нема да биде ништо бидејќи Бјанконерите во своите редови сакаат да го задржат Пјаниќ.

Угледниот портал АС пишува дека клубот од Торино ја одбил понудата на Реал за замена на Пјаниќ и Тони Крос бидејќи смета дека босанскиот репрезентативец е недопирлив. Меѓутоа, интересот за германскиот везен останува.

Фали Рамадани минатата седмица беше во Мадрид, разговарал со високото членство на кралскиот клуб, на Пјаниќ наводно му била понудена и плата од 10 милиони евра на годишно ниво. Сепак, договорот е далеку од остварен.

Реал се спрема за продажба на Крос и летото со сите сили ќе пробаат да го донесат Пол Погба. Германецот го посакуваат неколку клубови од Премиер лигата.