Јувентус ќе бара смешна сума за Манџукиќ, шпански клуб се приклучи во трката

Од редовите на Јувентус ќе го пуштат Марио Манџукиќ да си замине во јануарскиот преоден рок за „само“ пет милиони фунти.

Хрватскиот интернационалец е надвор од стројот и не тренира со првиот тим на Јувентус, и сигурно ќе си замине од клубот во јануари.

Манчестер Јунајтед е тимот кој најмногу се поврзува со ветеранот, а во последно се споменува дека и Севилја е подготвена да испрати понуда за неговиот потпис.