Јувентус ќе биде исфрлен во Серија Б?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Им нема крај на проблемите за Јувентус по последните информации во италијанските медиуми, а постои можност поранешниот шампион да биде исфрлен и во понизок ранг, но и од европските натпреварувања.

Јувентус се наоѓа под истрага поради две причини. Една од нив е фалсификување на калпиталната добивка во клупските финансии, додека втората е тајната исплата на платите на фудбалерите, кои за време на пандемијата се согласија да ги намалат примањата.

УЕФА нема намера да ја чека кривичната постапка во Италија, па ќе реагираат порано и прво ќе го исфрлат Јувентус од европските натпреварувања.

Доколку обвинителството во Италија докаже дека Јувентус е виновен, тогаш „Старата дама“ ќе биде исфрлена во Серија Б, барем така тврдат дел од медиумите.